За постот
|
||
Светите маченици Ермил и Стратоник
Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Св. Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповеда својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник му го доставија на царот како христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав. После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадиони далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.
Тропар
Вие, свети маченици Ермиле и Стратониче, закрепнати од благодатта Господова, Христос вашиот Спасител ве поттикна во подвигот маченички, трката кон слободата ја завршивте, верата ја одржавте и Царство Небесно наследивте, молете се за нас, о вие војници Христови, да се спасат нашите души.
Свети Јаков, епископ Нисибиски
Живееше како отшелник во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните. Но тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијанци со војска ја нападнаа Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми и самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од непријателските стрели што беа управени на него. Шетајќи така светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијанците за да ги изгонат од нисибиските бедеми. Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму. И Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и комарци врз Персијанците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси. Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои мирно, во 350 година.
Тропар
Радувај се, народе, за кого пред Господа Јаков свети се моли, подвижникот Христов, скротувачот на пустината, со Божја благодат телото го смири, епископ милостив и праведен застапник пред угнетените постана. Бог така прославувајќи го, за нас светило пред престолот Господов остана, од кое Христос срцата ни ги осветлува.
Преподобен Максим Капсокаливит
Во 14 век се подвизуваше како монах на Света Гора на особен начин. Имено, се правеше по малку јуродив и постојано го менуваше престојувалиштето. А престојувалиште му беше колиба од гранки. Една по друга колиба тој ги подигаше и ги палеше, заради што и е наречен Капсокаливит, што значи Паликолиба. Го сметаа за луд с ? додека на Света Гора не дојде Св. Григориј Синајски, којшто во Максим откри единствен подвижник, чудотворен молитвеник и „ангел во тело“. Се престави кај Господ во 1320 година.
Тропар
Духоносен ученику Христов, љубимец на Мајката Божја, светлино Господова во Црквата, украсу на Гората Атонска, Максиме – усто незамолчлива, која Името Христово незапирливо над нас го излива, моли се за нас, оче свет, и поведи н? по патот на преумувањето, осветувањето, со Христа живо во срцата наши.