За постот
|
||
Спомен на Првиот Вселенски Собор
Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е предвечен Син Божји, рамен по суштина на Бога Отца. На овој Собор учествуваа 318 Свети отци. Соборот го осуди учењето на Ариј и Ариј го предаде на анатема, бидејќи не сакаше да се покае. Уште Соборот и конечно го утврди Симболот на Верата, којшто подоцна, на Вториот Вселенски Собор беше дополнет. На Првиот Вселенски Собор учествуваа голем број значајни светители, меѓу кои особено се истакнуваа: Свети Николај Мирликиски, Свети Спиридон, Свети Атанасиј, Свети Ахил, Свети Пафнутиј, Свети Јаков Нисивиски, Макариј Ерусалимски, Александар Александриски, Евстатиј Антиохиски, Евсевиј Кесариски, Митрофан Цариградски, Јован Персиски, Аристак Ерменски и многумина други од Исток. А од Запад присуствуваа: Осија Кордобски, Теофил Готски, Цецилијан Картагенски и други. Главната работа на овој Собор беше, значи, утврдувањето на Симболот на Верата. Освен тоа Соборот го утврди и времето за годишното празнување на Христовото Воскресение (Велигден). Беа пропишани и дваесет други канони.
Светата маченичка Теодосија Тирска
Во времето на царот Максимијан во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги ублажуваше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ? обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на судијата, овој нареди да ја убијат со меч. Идната ноќ Теодосија им се јави на нејзините родители сета во величествен небесен сјај, опкружена со многу други спасени девојки и им рече: „Гледате колкава е славата и благодатта на мојот Христос од Когошто сакавте да ме лишите?“ А ова им го рече на родителите зашто ја одвраќаа од исповедањето и мачеништвото за Христа. Чесно пострада и се прослави во 308 година.
Тропар
Теодосија света, славна маченичке, Христова девственичке од чија утроба Спасителот гулабица чиста изнедри, моли се за нас ти, која мноштво венци придоби и благодатно кон Небесата восходи да се сретнеш со Оној Кој рака ти подаде.
Преподобната маченичка Теодосија
Родена по молитвите на мајка ? кон Светата маченичка Анастасија, којашто ? се јави и извести за раѓањето на овој предизбран сад на благодатта Христова. Родителите сами ја посветија на Бога и рано ја дадоа во женски манастир. По нивната смрт од огромниот имот кај златар таа нарача три икони: на Спасителот, на Пресвета Богородица и на Света Анастасија, а другото им го раздаде на сиромасите. Пострада за време на злобниот Лав Исавријанин, иконогонител. Прими двоен венец: на девственост и на мачеништво. Пострада во 730 година.
Тропар
Блажена си ти, Теодосијо девственичке, која Го пронајде Женикот на душата своја, блажена си, маченичке света, која на лагата ? се освети, земајќи ја вистината за свое оружје, блажена си ти, преподобна, која за нас секогаш се моли да останеме во крилото на Црквата, пред која се рушат вратите пеколни.
Свети Александар, епископ Александриски
Прв поведе борба против Ариј. Се упокои во 326 година.
Тропар
Ликува денес Христовата Црква, величајќи те тебе Александре пастиру, кој душата си ја полагаше за овците Божји, бранејќи ги од волкот духовен, кој трлото го растураше. Прими од нас, ти Христов војниче, чест, пофалба и молитвословие, и спомни н? пред Царот на Славата, Спасителот на светот.
Светиот маченик Нан (Јован) Солунски
Пострада за верата од Турците во 1802 година во Смирна.
Тропар
Јоване свети мачениче, неписмен за светот, но мудар во Христа, спозна дека душата се храни со благодатта Господова, а умот осветен со познание одозгора, ја засили љубовта во срцето, за нас моли се ти, кој за верата глава приклони, да останеме верни до нашето пред Бога претставување.
Падот на Цариград
Заради човечките гревови Бог допушти лута беда над престолнината на христијанството. На 29 мај 1453 година султанот Мухамед II го покори Цариград и го погуби царот Константин IX.