За постот
|
||
Светите маченици Прокл и Илариј
Овие маченици беа родум од Калипта во Азија и Прокл му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан. „Од кој род си?“, го праша судијата Прокл. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“. Кога судијата му се закани со маки, Прокл рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“ Кога го мачеа Прокл, тогаш Илариј му пристапи на судијата и рече: „И јас сум христијанин“. После многу мачења обајцата беа осудени на смрт, и тоа Прокл го распнаа на крст, а на Илариј му ја отсекоа главата со меч. И отидоа обајцата во радоста на Господ.
Тропар
Благословен си Ти, Христе Боже наш, Кој Прокло, Твојот слуга, во родот Свој го присоедини, надеж негова стана во маките и исповедта, а тој бестрашниот, во познание и љубов кон Тебе го приведе Илариј. По нивните молитви и нас утврди н? на каменот на Твоите свети заповеди.
Преподобен Михаил Малеин
Човек од благороден и богат род. Во младоста ги презре земните богатства и се повлече на гората Малеа, кај Света Гора, кај што се подвизуваше и си го очистуваше срцето со пост и со молитва. Подоцна имаше многубројни ученици, од коишто најпрочуен е Св. Атанасиј Атонски. Се упокои мирно околу 940 година.
Тропар
Добар пастиру Христов, Михаиле оче преподобен, со подвиг на трпение Господовата благодат ја привлече, и мноштво духовни ластари од тебе Спасителот изведе, за кои ти непрестајно се молеше и кон Него ги водеше. И за нас сега застапи се, оче свет, кој претстоиш пред Оној Кој од младоста Го засака.
Светата маченичка Марија Персијанка
Персијанка, најпрво во брак со еден персиски волх, со кого живееше три години. Потоа имаше видение од ангел којшто ? го покажа оној свет: маките на грешниците и неверниците и радоста на праведниците. По ова таа го напушти мажот и се крсти. На крштението го доби името Марија. Гонета од мажот ? , беше осудена на доживотен затвор. Во затворот помина осумнаесет години и не се поколеба во верата. Потоа беше фрлена во некоја јама, но Бог ја спаси, а ја фрлија и пред некоја страшна змија, но змијата не ја повреди. Кога ? испратија некои злосторни момчиња за да ја осквернат, Бог ја направи невидлива за нивните очи. Восхитени од нејзините страдања мнозина Персијанци ја примија верата Христова. Го посети Ерусалим, каде што ја изобличи верата Севирова, којашто учеше дека Божеството во Христа пострадало, заради што читаа: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети бесмртни, Кој Си распнат за нас, помилуј н ? !“ Најпосле проповедајќи ја вистинската вера мирно се упокои близу градот Нисивија, во 587 година.
Тропар
Голема е славата твоја на Небесата, о Маријо мајко наша преподобна, ангелот ти ја измени телесната природна потреба по Божјо благоволение, гледајќи ги твоите за Христа страдања. Радувај се, ти преславно трпение, радувај се, ти ревносно исповедание, и за нас моли се пред Оној на Кого душата твоја ја обручи.
Света Вероника
Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и ? направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника ? остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.
Тропар
Силата во земниот живот која од тебе истекуваше Веронико света, од допирот на Животот се претвори во благодат на верата, надежта и љубовта, со која ти Него Го исповедаше пред луѓето и ангелите. Радувај се и моли се за нас ти, верна слугинко Господова.
Светите маченици Теодор и Јован
Татко и син, по потекло Варјази кои беа крстени, па се доселија да живеат во незнабожниот град Киев. Разјарени незанбожци им ја урнаа куќата врз нив, па обајцата загинаа за Христа. Нивните мошти почиваат во Антониевите пештери. Ним најмногу им се молат бездетните и оние на коишто не им се додржуваат децата.