За постот
|
||
Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија
Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во затвор. По ова ги изведоа од затворот и ги одведоа кај преторот заради попис на имињата. Адријан ги гледаше овие луѓе, измачени и трпеливи, мирни и кротки, па ги заколна да му кажат што очекуваат од својот Бог за толкуте претрпени маки. Тие му говореа за блаженството на праведните во Царството Божјо. Кога го чу тоа и повторно се вгледа во нив, Адријан одеднаш се сврте кон писарот и му рече: „Запиши го и моето име со светите, и јас сум христијанин.“ Писарот, кога чу, го праша: „Да не слезе од умот?“ Одговорот на Адријан беше: „Не слегов од умот, туку си дојдов на умот.“ Откако слушна за ова Наталија многу се израдува и кога Адријан со другите седеше окован во затворот, таа дојде и им служеше на сите; а кога мажот ? го биеја и го измачуваа со разни маки, таа го храбреше да истрае докрај. После долги маки во затворот, царот нареди таму да се однесе наковална за да им ги толчат со чекан рацете и нозете. Ова беше извршено, и така Адријан и останатите дваесет и тројца мажи издивнаа во претешки маки. Нивните мошти Наталија ги пренесе во Цариград, каде што ги погреба чесно. По неколку дена ? се јави Свети Андреј, сиот во светлост и надземна убавина и ја повика да појде кај Господ. Света Наталија мирно Му го предаде на Бога својот дух.
Тропар
Благословувајќи го бракот, о Господи, апостолот за Христа и Црквата ни прозбори, мажот преку жената може да се спаси, според тие зборови, Адријане, свет мачениче, во познание Божјо беше приведен, по молитвите на света Наталија за Христа обручен.
Преподобен Титој
Ученик на Свети Пахомиј и голем меѓу Мисирските подвижници. Игумен на манастирот во Тавена. Сиот живот го мина во потполна чистота. Еднаш еден брат го запраша: „Кој пат води кон смирението?“ На ова Титој му одговори: „Патот кон смирението се воздржанието, молитвата и мислата за себе како за понизок од с ? што постои.“ Достигна мошне висок степен на совршенство. Кога ги креваше рацете на молитва неговиот дух влегуваше во екстаза. Се упокои во 4 или 5 век. Заедно со него се споменува и преподобен Ивистион.
Тропар
Блажен си ти, оче преподобен Титое, кој го пронајде патот на смирението, облагодатен во подвигот на воздржание, молитва и секој да го сметаш за подобар од себе. Моли се за нас, небесен човеку и земен ангелу, да го спознаеме вечниот мир на Небесното Царство.
Свети Зер-Јаков
Голем мисионер на христијанството во Абисинија.