19:6-11;19:13-20;19:25-28;19:30-35
| 6. | А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!” Пилат им рече: „Земете го вие и распнете Го, оти јас не наоѓам во Него вина.” |
| 7. | Јудејците му одговорија: „Ние имаме Закон и според нашиот Закон Он треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.” |
| 8. | Кога го чу Пилат овој збор, повеќе се уплаши. |
| 9. | И пак влезе во преторијата и Му рече на Исуса: „Од каде си Ти?” Но Исус не му даде одговор. |
| 10. | Пилат му рече: „Мене ли не ми одговараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуштам.” |
| 11. | Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној, што Ме предаде на тебе.” |
| 13. | Штом го чу тој збор, Пилат Го изведе Исуса надвор и седна на судискиот стол, на местото, што се вика Литостротон, а по еврејски Гавата. |
| 14. | Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!” |
| 15. | Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!” Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?” Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен ќесарот.” |
| 16. | И тогаш им Го предаде, за да биде распнат. И Го зедоа Исуса, и Го поведоа. |
| 17. | И носејќи го Својот крст, Он излезе на местото, што се вика Лобно, а по еврејски Голгота; |
| 18. | таму Го распнаа, а со Него други двајца, од едната и од другата страна, а на среде Исуса. |
| 19. | Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус Назареецот, Цар Јудејски.” |
| 20. | Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински. |
| 25. | При крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина. |
| 26. | А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ? рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!” |
| 27. | Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!” И од тој час ученикот ја зеде при себе. |
| 28. | По ова, знаејќи Исус дека е сe свршено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.” |
| 30. | А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!” И кога ја наведна главата, го предаде духот. |
| 31. | Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, оти во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилата да им ги прекршат колената и да ги симнат. |
| 32. | Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него. |
| 33. | А кога дојдоа до Исуса и Го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекршија колената; |
| 34. | но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода. |
| 35. | И кој виде – посведочи, и сведоштвото му е вистинско; и знае дека кажува вистина, за да поверувате вие. |