Божествена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Водоча (02.08.2025 13:21)

„Познато е дека ниту еден пророк не е признат во својот крај; со тоа што, тоа не е лошо за пророкот, туку за крајот во кој е повикан да дејствува. Вистинскиот пророк воопшто не се вознемирува од непризнавањето; тој знае дека непризнавањето му е дар Божји кој секогаш го враќа кон неговото срце и кој му ја возобновува силата на внатрешното, царско и есхатолошко свештенство, а токму преку тоа свештенство, и само преку тоа, дејствува Божјиот Домострој за спасение на човекот и светот. Пророкот не е во енергетска шизофренија и се труди да им помогне и на другите да не се; се труди да им го покаже патот до срцето. Така, пророкот има сѐ и ништо не му недостасува, ни небесно, ни земно – колку и поинаку да изгледа во очите на овој свет. Вистинскиот пророк дури и ги одбива врвните човечки позиции на слава, кога некој му ги нуди. Постојат и многу лажни пророци; тие се или признати во својот крај – без оглед дали се самопромовираат или ги промовираат нивните следбеници, или како такви ги промовира самата функција што ја држат во Црквата. Како и да е, таквите никогаш не се задоволни од славата со која луѓето ги опсипуваат и бараат сè повисоки позиции, а многу би сакале да ја имаат и славата на вистинскиот пророк. Сепак, славата на пророкот и човечката слава не одат рака под рака во овој живот, туку само по смртта на пророкот.“ – Митрополит Струмички Наум