Вечерна служба и литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка
 
 
 
 
 

Вечерна служба и литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка (10.05.2024 11:42)

Денес, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко отслужи Пасхална вечерна служба во присуство на Епископот Стобиски г. Јаков. По службата, иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во свечена литија беше пренесена до храмот „Свети Димитриј и свети Григориј Палама“, Струмица.