Архиерејска Божествена Литургија во Кочани (30.03.2025 13:45)
Денес, во четвртата недела од Великиот пост. посветена на преп. Јован Лествичник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, кој чиноначалствуваше на Божествената Литургија, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители на МПЦ – ОА, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“, во Кочани. Со вдахновена и утешителна беседа кон многубројниот народ се обрати Епископот г. Јаков. На Светата Литургија, Архиереите произнесоа заупокоена молитва кон Бога, за покој на душите на прерано починатите млади луѓе во Кочани и молитва за побрзо закрепнување и оздравување на повредените.