За врската со духовниот отец
 
 
 
 
 

За врската со духовниот отец (05.04.2025 13:51)

„Нормално е тоа да имаме и помисли против духовниот отец – никој не е совршен; за да научиме како се стои под Крстот, пред распнатиот Христос. Демонот се обидува во нашиот разум да го распне нашиот духовен отец, да ни го прикаже неспособен за духовно раководство и да се одлучиме да го напуштиме – и физички или само да излеземе од послушание. Колку што ние нашиот однос со Бог го градиме преку него, преку погрешно поврзување со него, толку демонот успева во тоа. Наместо на таков начин, односот со духовниот отец треба да го градиме преку односот кон Бог; колку повеќе вера и доверба стекнуваме во Бог, толку повеќе ќе имаме и кон духовниот отец. Вториов начин на градење на меѓусебни односи е сосема различен од првиот што го спомнав. За ваков однос да се изгради треба да се поврзуваме само со словото на нашиот духовен отец, со доверба дека Бог преку него ќе нѐ води. Не се поврзуваме душевно со него, сентиментално, туку професионално. Духовната врска доаѓа потоа, во Христос. На тој начин ќе можеме непоколебливо да стоиме под крстот, пред откриените – од демонот, слабости и несовршенства на духовниот отец, како што светиот Апостол Јован стоеше под Крстот, пред распнатиот Христос, сѐ додека да го видиме и Воскресението Христово, односно отвoрањето на срцето и Божјиот дар на умно-срдечната молитва.“ – Митрополит Струмички Наум