Сеноќно бдение во Водоча
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение во Водоча (28.05.2025 16:04)

Синоќа, за празникот на свети Гаврил Светогорец, Епископ Велички, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.