Сеноќно бдение во Водоча (08.06.2025 16:19)
Синоќа, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија за празникот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите (Педесетница) и во чест и спомен на преподобниот старец Георгиј Григоријатски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.