Вечерна богослужба во Ниш во чест на светите цареви Константин и Елена
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во Ниш во чест на светите цареви Константин и Елена (02.06.2024 15:09)

Во навечерјето на празникот на Светиот Цар Константин и Светата Царица Елена, во нишкиот храм посветен на овие рамноапостолни Божји угодници Неговото Високопреосвештенство Митрополитот тетовско-госитиварски г. Јосиф отслужи Вечерна празнична богослужба.

На Вечерната служба молитвено присуствуваа  Неговото Преосвештенство Епископот стобиски г. Јаков, Неговото Преосвештенство Епископот тимочки г. Иларион, Неговотоо Преосвештенство Епископот буеносаријски и јужноцентрално-американски и администратор на загребско- љубљанската Митрополија Кирил, Неговото Преосвештенство Епископот британско- ирски г. Нектариј и Неговото Преосвештенство Епископот нишки г. Арсениј.

По вечерната празнична служба, тргна свечена литија низ околните улици на која што присуствуваа свештенството и верниот народ, претставници на цивилните и воените власти.