Божествена Литургија во Манастирот Манасија, Србија (12.05.2025 11:33)
Денес, кога Црквата го празнува споменот на свети Василиј Острошки, со благослов на Неговата Светост, српскиот Патријарх Порфириј и надлежниот епископ, Архиепископот пожаревачки и Митрополит браничевски г. Игнатиј, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Света Божествена Литургија во манастирот Манасија, во Република Србија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.