Божествена Литургија во Куклиш
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Куклиш (15.05.2025 11:35)

Денес, кога Црквата го слави пренесувањето на моштите на свети Атанасиј Велики, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во храмот на светителот во Куклиш. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.