Светиот Синод на РПЦ повикува да се возобнови институцијата на военото свештенство (13.04.2006)
„Позитивниот опит во Татковината и во светот сведочи за тоа дека возобновувањето на институцијата на военото свештенство може да им донесе полза на државата и општеството. Денес во руската војска свештенослужители на традиционалните религии во Русија би можеле да учествуваат во духовното, моралното и патриотското воспитување на војниците. Веруваме дека активната работа на свештенството во војската ќе помогне да се намали бројот на сличаеви на самоубиство, потценување на достоинството на човековата личност и на другите противправни дејствија“, се вели во изјавата. „Светиот Синод на Руската Православна Црква ги повикува државата, општеството и сите традиционални религии во Русија со заеднички сили да ја возобноват институцијата на военото свештенство“, резимираат ерарсите коишто го потпишале документот. Извор: AnnewsСветиот Синод на Руската Православна Црква искажува поддршка на потенцијалното возобновување на институцијата на военото свештенство во руската војска.