Рилскиот манастир го отвора својот возобновен музеј (22.06.2007)
Церемонијата на отворањето ќе започне со Водосвет. Музејот беше реставриран во текот на осум месеци. Целосно беа сменети електричната, климатската и сигнално-безбедносната инсталација, како и осветлувањето, подот и витрините. Поставени се и камери за видео-набљудување. Ремонтот е извршен целосно со средства на Рилската света обител. Експозицијата на музејот е проширена и подобрена. За првпат ќе бидат изложени уникатни црковни одежди и предмети. Голем дел од досегашните експонати се реставрирани и конзервирани. Меѓу нив се текст на глаголица од 12 век, турски султански фермани за признавање на сопственоста и привилегиите на манастирот, ракописи и старопечатни книги од 12 до 19 век, плаштаница – подарок од молдавскиот кнез Јоан Богдан Војвода од 1511 година, златоткаени плаштаници од 19 век, подарени од руски манастири и др. извор: Pravoslavie.bg На 23 јуни од 17,30 часот ќе започне свеченото отворање на обновениот црковно-историски музеј на Рилскиот манастир. Светиот синод на Бугарската Православна Црква ќе биде претставен од Неврокопскиот митрополит Натанаил.