Се упокои во Господ Албанскиот Архиепископ Анастасиј (25.01.2025 13:25)
Денес, на 25 јануари 2025 година, се упокои во Господ Неговото Блаженство, Архиепископот Анастасиј Тирански, Драчки и на цела Албанија.
Архиепископот Анастасиј ја обнови и воздигна Православната Автокефална Црква на Албанија, која ја издигна од нејзините урнатини по падот на атеистичкиот режим. Со својата боговдахновена визија и неуморна работа, тој го изгради црковниот живот од самиот негов темел, изгради стотици цркви, основа образовни и филантропски институции, едуцираше и ракоположи ново свештенство, нудејќи несебична и пожртвувана служба повеќе од триесет и три години.
Вечен да му биде споменот!