Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свечен божикен прием (10.01.2006)

По повод големиот христијански празник на Рождеството Христово, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски организира свечен божикен прием на 8 јануари 2006 година во просториите на Македонската Архиепископија. На приемот присуствуваа архиереи, претставници од дипломатскиот кор и од опшествениот, политичкиот и културниот живот во Република Македонија, како и лидерите на верските заедници во земјата.