Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Австралија (14.06.2006)

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, во манастирот на свети Наум во Rocklyn (Австралија), на празникот на Света Троица - втор ден, игуменот Гаврил отслужи Света Литургија на која присуствуваше многуброен верен народ. Манастирот на свети Наум е во изградба и во догледно време е во план тука да се организира и монашка заедница.