Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години (24.06.2006)

Двајца македонски научници по неколкугодишни истражувања го дешифрираа средниот текст од „Каменот од Розета“ кој 200 години е мистерија за светската наука. Академик Томе Бошевски од МАНУ и проф. д-р Аристотел Тентов од Институтот за компјутерска техника и информатика на Електротехничкиот факултет во Скопје, неодамна го дешифрираа мистериозниот текст, а нивната книга „Прилози XXVI 2“ ќе биде промовирана на 29 јуни во МАНУ со темата „По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци“.

 


Пред 207 години во Египет е најден камен со три писма од пред 2.200 години: со египетски хиероглифи, со непознато писмо во средината наречено демотско со старогрчко писмо. Каменот е наречен „Каменот од Розета“, според местото Розета (Ел-Рашид). Текстот од старогрчки е преведен наскоро по откривањето, а врз основа на него се дешифрирани хиероглифите од францускиот ориентолог Жан Франсоа Шамполион во 1822 година.

            Според Бошевски и Тентов, средниот текст е на македонски јазик со вчудовидувачка сличност до идентичност на одделни зборови со сегашните македонски говори и дијалекти, судејќи според приложените 167 зборови. Писмото е слоговно од типот согласка-самогласка. Идентификувани се 25 согласки и 8 самогласки. Основните знаци (согласките) се наоѓаат во по 8 положби и, во зависност од позицијата, односно аголот под кој се наоѓаат, се чита слогот со изговор на самогласката, како еден вид јотување во старословенскиот јазик. Често се употребува предлогот “на“ и сврзникот “и“, а множина се прави со додавање на “и“ на крајот од зборот, како, впрочем, и денес.

           



 

Средниот текст, всушност, бил оригиналот од кој описно се преводите на старогрчки и староегипетски. Македонскиот текст не се сопваѓа буквално со другите два текста. Никој во светот не успеал 207 години да го дешифрира средниот текст оти сите поаѓаат од таканареченото озвучување на зборот според јазиците во употреба на египетското подрачје. Двајцата истражувачи тргнаа од претпоставката дека јазикот бил  македонски, односно од балканскиот ареал. Основа за таков пристап е фактот што со Египет владееле македонски династии цели 302 години: Македонска династија со фараони Александар Македонски, брат му Филип Аридеј и Александар IV (од 323-304 г. пр.н.е.) и Птоломеиди (до последната македонска принцеза Клеопатра VII, 30 год. пр.н.е). Текстот е пишуван како декрет на Птоломеј V Епифан Евхаристос од 27 март 196 год. пр.н.е. Најдени се уште два камена пишувани по Каменот од Розета. Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египќаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои, божен, најбожен, господар, господари, же(и)во, бога, бога нашион, на нашево бога Ѕе (Светлина, Ѕевс?), на бога се деца, налеа (статуа налеана), надеж’, тој, мој, мо (јас), мои, вои (вие), ј’ви (јави), б’де (да биде), најзе (нејзе), дивејеи (се диви, восхитува), ата (татко на старословенски) итн.

 

преземено од весникот “Вест“ број 1801/24.06.2006 год.