Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на црквата во изградба посветена на свети Илија во населбата Аеродром – Скопје (20.07.2006)

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со градоначалникот на општина Аеродром денес ја посетија црквата во изградба “Свети Илија” во населба Аеродром - Скопје. Беше извршен увид врз тековните работи, во присуство и на повеќе претпријатија и фирми од Скопје, кои искажаа подготвеност да учествуваат во довршувањето на градбата. Исто така, беа разгледани и деталите околу организирањето на претстојниот храмов празник на Илинден.