Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црква посветена на света Злата Мегленска во Мелбурн (24.09.2006)

На 23 септември 2006 година, во Werribbe, Melbourne, Австралија, Неговото Високопреосвештенство г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски и администратор за Австралија и Нов Зеланд, во сослужение на сето свештенство од неговата епархија во Австралија ја освети првата црква посветена на света Злата Мегленска во дијаспората. На осветувањето на црквата и на Литургијата присуствуваа голем број на верници од кои многумина и се причестија со Светите Тајни.