Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Бдение во чест на свети Јован Кукузел (16.10.2006)

Во саботата, на 14 октомври 2006 год., кога Црквата Божја го слави Покровот на Пресвета Богородица и споменот на преподобниот Јован Кукузел, во женскиот манастир во Рајчица, во параклисот посветен на преподобните Григориј Палама, Нектариј Битолски и Јован Кукузел, сеноќно бдение отслужи игуменот на манастирот, архимандритот Партениј со свештеномонасите од манастирот на свети Јован Крстител - Бигорски. После Акатистот кон Покровот на Пресвета Богородица и Вечерната богослужба (со литија и петолебие) беше отслужена Утрена на која присутните верни се поклонија на моштите на светиот великомаченик Георгиј Победоносец и беа помазани со елеј од кандилото што стои пред иконата на свети Јован Кукузел. Празничното бдение во чест на патронот во Рајчица заврши со Божествена Литургија.