Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Струмица, Архиерејска Божествена Литургија (11.12.2006)

 

Денес, на празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во црквата што им е посветена на овие Светители во Струмица, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со повеќе свештенослужители од Струмичката и Брегалничката епархија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата присуствуваа градоначалникот на градот Струмица г-дин Зоран Заев и други претставници на локалната самоуправа како и пратениците во Собранието на Република Македонија (од Струмица).

 

 

 

„Да поитаме верни, мачениците Христови и сигурните застапници достојно да ги прославиме, како совршено коливо, како жртви и како жреци Христови: зашто овие Арија отстапникот до крај го уништија и со венци маченички блескаво се украсија.“ (од Канонот на светите Петанесет Тивериополски свештеномаченици)