Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божик во Штип (09.01.2007)

Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на 07.01.2007 година, по повод големиот христијански празник – Рождество Христово – БОЖИК, заедно со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм на Свети Николај во Штип, кој беше претесен за верниците, кои во огромен број дојдоа заедно да го прослават овој голем христијански празник. Иако храмот беше преполн, Литургијата се следеше во потполна тишина.

На оваа Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион благоволи да го произведе за чтец дипломираниот богослов Игор Постоловски од Штип.

По отслужената Божествена Литургија, над педесеттина деца од основните училишта во Штип, дојдоа во митрополитскиот кабинет, со желба, со неколку детски божикни песнички да му го честитаат Божик на Митрополитот Брегалнчки г. Иларион, по што тој им подари божикни подароци.