Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Гетеборг, Шведска (19.01.2007)

Денес, на 19.1.2007 година, кога православните христијани во Република Македонија го чествуваат празникот на Богојавление-Водици, и Македонците кои живеат во Гетеборг и блиската околина, масовно го одбележаа овој убав празник. Најпрвин во македонската православна црква на светите Кирил и Методиј присуствуваа на празничната Божествена Литургија, која ја отслужи Неговото Високопреосвештенство Митрополит за Европската Епархија г. Пимен, заедно со протоереј ставрофор Евтин Велковски. Потоа Владиката Пимен заедно со верниците се упати кон блиското езеро Берса, каде што во студените води го изврши Богојавленскиот Водосвет. Од студените езерски води крстот го извади младиот Боби Андреевски од Гетеборг. Во црквените простории Неговото Високопреосвештенство г. Пимен врачи вредни награди, а г-дин Андреевски доби и бесплатен повратен автобуски билет од фирмата „Stefan bus“ од Гетеборг.

 

 

             

 

Известува: Трајан Масев