Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Недела на свети Григориј Палама (05.03.2007)

Во Втората недела од Великиот пост посветена нa cвeти Григориј Палама, на денот кога Светата Православна Црква го слави споменот на светите апостоли Архип, Филимон, Апфија и преподобен Доситеј, во храмот посветен на светите Петар и Павле во Краун Поинт, Индијана, беше отслужена Архиерејска Божествена Василиева Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј.

 

 

     

 

 

 

     

 

 

На 03.03.2007 година во просториите на црквата на светите Петар и Павле во Краун Поинт, Индијана, на покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, а по повод изборот на новите претседатели на Црковните управи на Македонската Православна Црква во трите намесништва на АКМПЕ, беше отслужен Молебен со полагање заклетва на претседателите пред Архиерејот. Овој свечен чин е почеток на една нова благочестива традиција во нашата Црковна заедница.

 

 

                                                  

 

 

                                               

 

 

 

 

известува: ѓакон Стеван Барјактаров