Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот Иларион ги посети црквите во изградба во Брегалничката епархија (15.03.2007)

На 12. 03. 2007 година, Митрополитот Брегалнички г. Иларион ги посети црквите во изградба: „Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, „Свети апостол Павле” во Прибачево, кочанско, и „Свети Кирил и Методиј” во Мојанци, кочанско.

Во Македонска Каменица Митрополитот г. Иларион имаше средба со градоначалникот г. Перо Митевски, на која присуствуваа и претставници на рудникот „Саса” во Македонска Каменица, како и со Иницијативните одбори за изградба на цркви во Прибачево и Мојанци, при што беа дадени напатствија и беше одредена динамиката за довршување на градежните работи.

 

 

               

 

 

 

               

 

                                                                                                                                   известува: ѓакон саше Ристов