Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Женскиот манастир на Успението на Пресвета Богородица, Матка (09.04.2007)

Многуброен народ му се придружи на сестринството од манастирот во Матка на Воскресното бдение, вознесувајќи молитви и благодарност кон Бога и причестувајќи се со Светите Тело и Крв Христови.

 

 

                                         

 

 

 

                       

 

 

 

                                           3

 

 

 

„Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена – воскресни ја и избави ја од адот.

Слава, Господи, на Крстот Твој и Воскресението! Се поклонувам на Твоето Вознесение во плот на небесата, каде седејќи оддесно на Бога Отецот ја гледаш мојата беда и немоќ, ја слушаш мојата грешна молитва... Те молам Тебе, мојот Господ: вознеси го умот мој од земната пристрастност кон вишниот копнеж, поткрепи ја немоќта моја, надополни ја мојата скудност, исправи ја молитвата моја и приведи ме кон добриот крај и спасителното пристаниште, за да се покажам пред Тебе непосрамен и неосуден кога ќе дојдеш да им судиш на живите и на мртвите. “ (свети Димитриј Ростовски)

 

Фотографиите се преземени од Преминпортал