Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во Њу Џерси (25.05.2007)

Во храмот посветен на словенските просветители и учители светите Кирил и Методиј во Њу Џерси, Неговото Високопреосвештенство Митрополит американско-канадски г. Методиј отслужи вечерна aрхиерејска богослужба. На богослужбата покрај верниците од оваа црква присуствуваа и високи претставници на Владата на Р. Македонија, министерот за надворешни работи г. Антонио Милошоски и амбасадорот на Р. Македонија во Вашингтон г. Зоран Јолевски. Потоа беше оддржана средба на која членовите на оваа црковна заедница  беа запознаени со настани од црковен карактер и информирани за активностите на Владата на Р. Македонија.

 

 

         

 

 

 

       

 

 

 

       

известува: ѓакон Стеван Барјактаров