Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Недела на Сите Светии (19.06.2011)

„Откако во целиот свет Црквата Твоја се украси со крвта на мачениците, како со багреница и свила, преку нив таа Ти вика: Христе Боже, испрати им ги Твоите добрини на Твоите луѓе, мир на Твојот народ дарувај му, и на душите наши – милост голема“. (тропар на празникот Сите Светии)

Во првата недела после Педесетница го прославуваме празникот посветен на Сите Светии кои живееле по целиот свет. Ги славиме сите оние што Светиот Дух ги осветил со благодатта и кои се подвизувале поради единствениот Христос и се овенчале како слуги на единствениот Бог.

На 19.06.2011 година, денот кога го прославувавме овој празник беше отслужена света архиерејска Литургија во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани, Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритите Нектариј (Најдоски) и Партениј (Фиданоски), игумен Јосиф, протоереј Темелко Донески, свештеник Димко Димески, јеромонах Прохор, свештеник Игор Никовски, јеромонах Вартоломеј (Пројковски), игумен на манастирот, јеромонах Григориј (Настески) и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Пред започнувањето на Литургијата беше извршено преосветување на манастирската црква поради поставувањето на нов иконостас и новиот фрескоживопис во наосот и олтарот. По завршувањето на Литургијата беше извршен Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

 

  

 

    

 

    

 

    

 

Извор: Дебарско-кичевска епархија