Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на светиот Николај, патрон и заштитник на градот Штип (19.12.2011)

На 19. 12. 2011 година на празникот на Светиот Николај Чудотворец – архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е Патрон и Заштитник на градот Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - канадки г. Методиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Надлежниот Митрополит на Брегалничката епархија г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, празнично слово, одража Митрополитот Американско - канадски г. Методиј. По Светата Литургија, Мирополитите г. Методиј, г. Пимен и г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од Соборниот храм Св. Николај до Центарот на Градот, каде го благословија и пресекоа славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа. На прославата присуствуваа и сите Градоначалници од Источниот регион кои на оваа свеченост имаа промотивен ден за Источниот плански регион. По ова за православните верници беше организирана културно естрадна забава во знак на чествувањето на Светиот Николај Патрон и Заштитник на градот Штип.

По ова во салата на Советот на Општина Штип, Митрополитите присуствуваа на Духовната Академија по повод Заштиникот и Патронот на Градот Штип, во организација на Градоначалникот г. Зоран Алексов и Советот на Општина Штип. На свечената академија Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов го одликува Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион со златен орден со ликот на Св. Николај Чудотворец, епископ Мирликински, изработен специјално за оваа пригода по што Митрополитот г. Иларион одржа благодарствено слово.  Истотака Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов им додели признанија и на граѓани за нивниот допринос за Градот Штип по повод Патронот и Заштитникот на Градот Штип.

По ова, во присуство на сите Градоначалници од Источниот регион, во организација на Советот на Општина Штип беше организирана заедничка трпеза на љубовта во хотелот Изгрев во Штип.

 

             

 

       

 

      

 

     

 

     

Извор: Брегалничка епархија