Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во црквата на света Петка во Скопје (09.01.2012)

Денес, на 9  јануари  2012 година, на третиот ден од празнувањето на Рождеството Христово, кога Светата Црква го празнува  светиот  архиѓакон  и првомаченик Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополит Струмички г. Наум  и свештенството од  Скопската епархија, во црквата на света Петка во Скопје отсужи Архиерејска Божествена Литургија.  Многубројниот верен  народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

Најнапред спомни го Господи,

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан,

кого го подари на Твојата Света Црква,

во мир, цел, чесен, здрав, долгоденствен,

правилно да управува со словото на Твојата Вистина.

 

На многу години, Блаженејши Владико Свет!

 

                      

 

       

 

           

 

       

 

     

 

        

 

Фото: Калина Трпеска