Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Нови промени на фреските во Свети Димитрија (11.04.2012)

На една од фреските во олтарот јасно се гледаат крилјата на ангелите. Полниот сјај почнал да се појавува од синоќа.

Црквата постојано ја посетуваат стотици верници и туристи, кои со нетрпение чекаат да ги видат осветлените фрескоживописи.

Во чест на чудотворецот и великомаченик св. Димитрија вчера попладне се одржа и акатист или пофална песна како благодарност до Бога.

На литургијата присуствуваше и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кој дојде да ги види големите промени во олтарот.

 

 

 

Мирјана Давидовска, ТВ Сител