Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Наречение за новоизбраниот епископ Велички г. Јосиф и Голема Вечерна на Плаошник во Охрид (06.10.2012 00:41)

Со свечена Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а по повод празникот на Соборот на сите Македонски Светители, започна чинот Наречение за новоизбраниот епископ Велички г. Јосиф во манастирот на св. Климент Охридски на Плаошник во Охрид. На овој несекојдневен чин присуствуваа сите митрополити на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ д-р Велимир Стојковски и претставници од политичкиот живот на Р. Македонија.

 

      

 

    

 

 

Извор: Скопска епархија