Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Кавадарци (10.11.2012 18:58)

На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски во храмот посветен на  овој светител во Кавадарци се отслужи Света Божествената Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј,  архимандритот Нектариј и бројно свештенство од Повардарската епархија.
На Божествената Литиргија присуствуваа голем број на верници од Кавадарци и од неговата околија, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на Светиот великомаченик Димитрија и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог. На Литургијата верниците се причестија со Телото и Крвта Христови
.

 

       

 

       

 

        

 

      

 

     

 

     

 

       

 

      

 

       

Извор: Повардарска епархија