Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на свети Трифун во Кавадарци (14.02.2013 12:33)

На денот кога Светата Православна Црква го чествува споменот на светиот маченик Трифун, во црквата на свети Димитриј во Кавадарци, беше отслужена Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Епископот Лешочки г. Јосиф, јеромонахот Григориј и повеќе свештенослужители од градот Кавадарци.

По завршувањето на Светата Литургија, Митрополитите, Епископот Јосиф и свештенослужителите во внатрешноста на храмот извршија мал Водосвет, а потоа се упатија во дворот од храмот кадешто го извршија и годинешното закројување на лозовиот насад.

 

Извор: Повардарска епархија