Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (20.05.2014 11:44)

По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Македонија со Ватикан, од 20-23 мај 2014 г., Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба со Митрополитот Европски г. Пимен и Епископот Хераклејски г. Климент ќе бидат дел од државната делегација која ќе биде примена од Папата Францис.

Молебенот на гробот на свети Кирил, на 24 мај 2014 г., ќе го отслужи Митрополитот Европски г. Пимен, со свештенство од Европската епархија.

 

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ