Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на храмот Св. Јован Крстител во Општина Аеродром и Архиерејска Литургија (15.06.2014 12:46)

Вчера, 14/01 јуни 2014 лето Господово, на празникот посветен на Оддан. на Педесетница и св. Јустин Философ се изврши осветување на храмот посветен на св. Јован Крстител во Општината Аеродром - Скопје. Чинот на осветување го изврши Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитите Преспанско - пелагониски г. Петар, Брегалнички г. Иларион, Тетовско - гостиварски г. Јосиф, Кумановско - осоговски г. Јосиф, и свештенослужители од Скопската православна епархија. Ктитор за изградбата на храмот е благочестивиот господин Ванчо Чифлиганец со семејството. По отслужената Архиерејска Литургија, со одлука на САС на МПЦ - ОА, на ктиторот му беше врачен Светиклиментов оред од I ред.

 

 

Извор: Скопска епархија