Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Христос се роди! (08.01.2005)

Духовните чеда на Македонската Православна Црква во Република Хрватска празникот на Христовото Рождество го прославуваат собирајќи се во поголемите градови. Првиот ден од Божик беше чествуван со празнична Божествена Литургија во Загреб, на која меѓу верниот народ присуствуваа и претставници од Македонската Aмбасада во Хрватска. Деновиве за духовната паства на Македонската Православна Црква во оваа пријателска земја празнични Божествени Литургии ќе бидат отслужени во Риека, Пула и Сплит.