Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во црквата на свети Григориј Палама во Струмица (27.11.2014 10:11)

Денес, на празникот на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, во црквата на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив во Струмица, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Архиерејска Божествена Литургија во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и надлежниот Митрополит Струмички г. Наум. На Литургијата верните се причестија со Светите Христови Тајни.