Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (01.04.2016 10:15)

Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а по иницијатива на монаштвото на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во чест на споменот посветен на светите Пречистански преподобномаченици, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на 8 април 2016 лето Господово (петок), со почеток во 22. 30 часот, ќе се отслужи сеноќно бдение.

Со Бдението ќе началствува Поглаварот на Македонската православна црква, во сослужение на архимандритите од македонските манастири. На бдението ќе пеат хоровите при братствата на Бигорскиот и Лесновскиот манастир, како и хорот „Хармосини“. Литургијата ќе започне во 2 часот по полноќ.

Исто така, во прилог на ова духовно чествување, на 8 и 9 април, во истиот храм ќе се одржи и црковен саем на книгата, на кој учество ќе земат издаваштвата при епархиите на МПЦ – ОА.