Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат „Школа за исихазам (книга 1)“ со можност за дистрибуција (16.03.2005)

„На браќата и сестрите монаси

кои во добар подвиг се подвизуваат

во манастирите

на Македонската Православна Црква,

возобновената Охридска Архиепископија,

и кои со свест дека се плод на покајанието

на верниот православен народ

што живее во Република Македонија,

а во послушност кон своите Епископи

до крајна саможртва,

се вградуваат во духовниот полет

на нашата Света Црква и во соборното

сведоштво на Единствениот Спасител,

Богочовекот Исус Христос,

неодземливо...” 

(во посветата на книгата)

 

 

 

 

Излезе од печат со можност за дистрибуција македонското издание на новообјавената книга на Струмичкиот Митрополит Наум, Школа за исихазам (книга 1). Книгата претставува дел од едицијата »Библиотека ВОВЕДЕНИЕ«, селективен издавачки проект на Манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса. Македонското издание, изработка на печатницата „Свети Теодосиј Синајски“ при манастирот на Светите Четириесет Севастиски маченици во Банско, е со димензии 120 мм Х 195 мм, на 210 страници. Во тек е техничката фаза над изготвениот превод на англиски јазик, чија достапност за странското читателство се очекува во најблиска иднина.