Сочувство (19.03.2026 09:35)

Ваше Високопреосвештенство,
Со длабока тага ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост и Блаженство Патријархот Грузиски Илија II.
Дозволете Ни од свое име, и од името на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и од името на сета полнота на нашата Помесна Православна Црква, Вам, на клирот и на сите верни чеда кои ја почитуваа личноста на блаженоупокоениот Патријарх Илија, да Ви изразиме искрено сочувство по повод на неговото упокојување.
Неговата првојерархиска служба на народот во Грузија ќе биде запаметена по неговата духовна мисија и преобразба и по неговото уподобување на Христа како добар пастир! По своето богољубие и родољубие, беше и ќе остане пример за сето Православие!
Го молиме Бога, Кој владее над живите и мртвите и Кој воскресна од мртвите, да им даде надеж и утеха на нажалените и да го прими во прегратките Свои блаженоупокоениот Патријарх Илија II и да направи споменот да му биде вечен.
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН