Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Синодот на Грчката Православна Патријаршија во Ерусалим го одреди датумот за избор на нов Патријарх (25.07.2005)

 

Грчкиот Православен Синод во Ерусалим ќе избере свој нов Патријарх на 15 август. Неговите 26 членови се состанаа на 21 јули откако во вторникот Ерусалимскиот Федерален Суд ја одби молбата со барањето на отстранетиот Патријарх Иринеј Први за попречување на Синодот.

На состанокот на Патријаршискиот Синод на 21 јули беа присутни и кандидатите.

Според црковните канони, на секој клирик којшто има најмалку чин на архимандрит му е дозволено да ја презентира својата кандидатура за Патријарх.

Меѓу тринаесеттемина кандидати за Ерусалимски Патријарх се: Митрополитот Тимотеј и Архиепископот Алексиј, двајцата претходно отстранети од Иринеј Први, и Митрополит Корнилиј, сегашниот местоблустител и заменик-патријарх на Патријаршијата.

Митрополит Корнилиј ќе им ја испрати на одобрување листата на кандидати на владите на Израел, Јордан и Палестина, иако Израел сѐ уште се нема изјаснето во врска со симнувањето на Иринеј Први.

Конечното гласање ќе се случи на затворен состанок на Синодот на 15 август. Во првиот круг на гласањето, листата ќе биде скратена на 3 кандидати, потоа, подоцна во текот на денот, еден од тројцата ќе биде избран за нов патријарх.  

информација преземена од официјалниот web site на Ерусалимската Патријаршија:

http://www.jerusalem-patriarchate.org/intro.asp