Vesti i nastani
 
 
 
 
 

10 години од хиротонија на Струмичкиот Митрополит г. Наум (27.08.2005)

 

 

На празникот на Успението на Пресвета Богородица во 1995 година во црквата на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, за струмички Епископ беше востоличен Високопреосветениот Митрополит г. Наум. Ден пред тоа, неговата хиротонија ја изврши блаженоупокоениот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил заедно со другите Епископи на Македонската Православна Црква во соборниот храм во Скопје.

 

 

„Од денес јас живеам за вас и вие за мене. Вашата болка и тага се мои, а мојата, ваши. Вашата радост е моја, а мојата, ваша. Вашата љубов и молитва ќе бидат мојата животна сила. Ве молам, никој од нас да не го наруши овој соборен начин на постоење ниту со збор, ниту со дело, ниту, пак, со мисли...“ (од беседата на востоличувањето)

 

 

На многаја лета, возљубен Владико!

              

 

 

видео запис